Новиот митинг со насилство ќе биде на 17 ти мај

Митингот на Заев и СДСМ кој го најавуваа за 17-ти мај е митинг за спас на кариерите на раководството на СДСМ и пред се лидерот на партијата.

Сосема е сигурно по дебаклот кој го постигна со политичките бомби и нивниот неуспех да го промени расположението кај граѓаните што во основа е една огромна манипулација која не му помина, како и по разобличувањето и соголувањето на неговиот план за дестабилизација, Заев ќе оди на се или ништо на митингот на 17-ти. Во јавноста и во дел од медиумите веќе наголемо струјат информации дека СДСМ се спрема за насилни протести. За таа цел СДСМ веќе извршила мобилизација на членството со фокус на прибирање на насилници, како и луѓе со досие на повеќекратни прекршители на законот и поранешни затвореници со серија кривични дела, пренесе Курир.

Нешто слично, но во помал обем, направи и со протестите на 5-ти пред Владата каде првенци во насилството против полицијата беа луѓе со дебело криминално досие. Нивната задача на 17-ти е да ги предводат групите кои треба да ја повлечат масата и да исценираат инциденти.

Се говори и дека пред влезовите на Скопје веќе се обезбедени повеќе камиони со реквизити за физичка пресметка како камења, палки, летви, бекатон плочки и ќе ги пречекаат групите кои ќе пристигнат од внатрешноста за протестот .

Веќе беше објавен дел од планот, неколкумина од  тие групи ќе се издвојат од толпата која според сценариото ќе маршира по главните скопски улици и ќе започнат со дивеење во смисла на кршење на неколку излози и извици спрема полицијата која ќе го обезбедува теренот.

Мета покрај полицијата ќе бидат и неколку државни институции со план за насилно превземање. Мобилизирани се и навивачките групи блиски до СДСМ, а на помош се повикани и луѓе од странство дебело платени од соросовата фондација со огромно искуство за правење на насилни протести и создавање на хаос.

Се говори и дека одредени структури на СДСМ набавиле и огнено оружје кое не се исклучува да биде употребено на 17-ти.

За да дојде до сето ова СДСМ веќе прави на големо теренски подготовки во смисла на максимално активирање на тимовите за насилство за кои претходно излегоа фотографии во јавноста како прават постојани вежби во штабовите на СДСМ спремајќи се за физичка пресметка и насилство. Милитантната психоза која ја прави СДСМ за протестите на 17-ти се гледа и во информациите за изработка на списоци со луѓе кои се обележани како најсилните со богато криминално досие и треба да спроведат насилство и практично би се жртвувале за целите на СДСМ и Заев. На експертите и луѓето кое ги следат ваквите сценарија во регионален контекст, особено  украинското сценарио не се исклучува и пукање на 17-ти од таквите вооружени платеници на СДСМ со цел да се создаде хаос.

Во медиумите веќе излегоа информации за многу тесни врски и запрепастувачки индикативни моменти дека СДСМ и Заев се дел од сценариото на терористичката група во Куманово и оттука не се исклучува и поддршка од тие милитантни Албанци кои би играле значајна улога во спроведување на сценариото за насилниот протес на СДСМ на 17-мај.

Од она што до сега е познато, самата терористичка група која беше разбиена во Куманово  била со план да дејствува со терористички акти токму во деновите кога СДСМ треба да го одржи овој најавуван протест. Полицијата во таков случај би била фокусирана кон овој собир и терористите тоа би го искористиле во спроведување на нивните планови. СДСМ на извесен начин ја амнестира оваа терористичка група за нападот кон полициската станица во Гошинце за кој тврдеше дека е дел од сценарио, за да подоцна по претходни признанија од приведените терористи тие самите признаат каде го закопале украденото оружје. 

СДСМ на насилните протести кои ги планира за 17-мај добива огромна помош од фондацијата СОРОС која е тука финансиски да ја поддржи организацијата. Таков собир според проценките ќе чини од половина милион до еден милион евра, што со оглед на финансиската моќност на СОРОС нема да преставува проблем.

Од друга страна СДСМ е соочена со мал одзив и одбивање на трезвеното членство на СДСМ кое не сака да излезе да протестира и да биде дел од насилството и од битката за лична спас на Заев, затоа онаму каде СДСМ е на власт во Куманово, Струмица и со поддршка на општина Центар се прави масовна мобилизација и списоци за задолжително присуство на митингот.

Притисоците биле дотолку големи што им било викано на вработените дека бркањето од работа е најблага казна што ќе им се случи и дека може за нивната пасивност да бидат казнете и нивните најблиски. Истовремено проценките биле доколку може да се соберат со сите средства кои им стојат на располагање едвај 10 илјади кои би се прикажале како успех и најмалку 4 пати повеќе.

 

 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега