Малиот Најден денеска на операција

Бебето Најден кое пред четири месеци беше пронајдено пред куќа во Арачиново со отсечено јазиче и модринки по вратот, на кое деновиве повторно му се влоши здравствената состојба, денеска ќе биде оперирано.

- За состојбата на Најден се собра тим од лекари, убаво го прегледавме и ја забележавме причината за влошување на состојбата. Имено, поради отсечениот јазик, сега страдаат и гласните жици. Секако, промените на овие делови и нивната дисфункција влијаела врз белите дробови. Утрово рано тој ќе биде опериран. Сите сме околу него, се надеваме на најдобро, вели директорката на Детската клиника, доктор Аспазија Софијанова, пренесе Курир.

Инаку, полицијата сеуште трага по родителите-монструми за кои се претпоставува дека го направиле грозоморното дело.

Се надеваме дека операцијата на малото бебе ќе помине успешно!

најчитано сега