ФОТО: Македонски знамиња низ Неготино- голема поддршка за полицијата

Граѓаните на Неготино вечерва излегоа за јавно да и дадат поддршка на македонската полиција.  И граѓаните на Неготино се собраа на Градскиот плоштад, па оттаму преку улицата „Маршал Тито“ организирано отидоа до полициската станица. Со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите полицајци во терористичкиот напад во Куманово.

Во знак на поддршка за македонските припадници на полицијата, неколкумина граѓани јавно искажаа задоволство од работата на вработените во МВР, а еден од нив го предаде македонското знаме на полициски службеник.

Насобраните граѓани дадоа до знаење дека државата е во рацете на нашите бранители.

 

 

Оцени ја веста

12.05.2015 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега