Алсат: Командантите Нато и Бег Ризај меѓу убиените во Куманово

Мирсад Ндрецај познат како командант НАТО и Бег Ризај, алијас командат Бегу, се меѓу 14-те убиени вооружени лица при акцијата на МВР во Куманово, дознава АЛСАТ М.

– Според последните информации кои ги имаме надлежните македонски служби добиле и официјална потврда за нивниот идентитет. Иако се уште се работи на потврдување на идентитетот на останатите загинати и на уапсените од кумановската група, речиси сигурно е дека полицијата ги има живи или мртви сите 5 лица кои важеа за организатори – пренесува Алсат -М.

Според изворите на АЛСАТ М, кај лидерот на групата Мирсад Ндрецај, командант НАТО биле најдени и неговите лични документи. При крај или завршена е и обдукцијата на останатите пронајдени тела. Но не може да се прецизира колку ќе трае процесот и на официјална идентификација.

 

 

 

Оцени ја веста

12.05.2015 - 21:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега