Гошинце им беше местенка -сега плукаат по акцијата во Куманово

Дводневната тешка и сложена акција во Kуманово, во која македонската полиција се пресмета со 50-члената терористичка група на пат е за делот од јавноста да стане нов предмет на оспорувањата и на сомневањата, на сличен начин како со нападот врз караулата Гошинце, пишува Дневник.

На најтешката акција од ваков тип која досега ја изведувала нашата полиција почнаа да и се стават етикети дека била лошо испланирана и оти поради тоа на крајот имало осум загинати и 37 повредени полицајци.  Практично, почна да се повторува слична приказна со коментарите што пред три недели се појави за нападот на терористичката група врз граничната караула во Гошинце, обави Дневник.

Ова се случува во исто време кога дури и познати безбедносни експерти од регионот оценуваат дека акцијата на македонската полиција била исклучително тешка и оти поради тоа жртвите практично биле неизбежни. 

-Сакам да го изразам моето жалење што некој полицајците ги изложил како живо месо - изјави тогаш тој. По ова, во медиумите и на социјалните мрежи следува бран на тврдења дека „некој мора да одговара за загинатите“, дека пропустите биле направени со тоа што полицијата не успеала да ги изненади терористите и оти „невини полицајци биле истурени во тесни улички како живи и отворени мети“... Оние што во јавноста ги пласираат ваквите тези истовремено забораваат дека, како што сега се потврди, станувало збор за една од најопасните терористички групи чии членови имале богато воено искуство и биле мошне добро вооружени. Фактот дека оваа група планирала во наредните денови да нападне пет полициски станици, да постави експлозиви во трговски центри и на спортски манифестации доволно зборува колку таа била подготвена и опремена.

Целиот текст прочитајте го на ДНЕВНИК

 

 

Оцени ја веста

12.05.2015 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега