Непал: Најмалку четири жртви од денешниот земјотрес

Најмалку четири лица загинаа во новиот силен земјотрес од 7,4 степени според Рихтеровата скала што денеска го потресе Непал, јави Танјуг.

Серија замјотреси денеска имаше во Непал, кој прво беше погоден од земјотрес со 7,4 степени, но набрзо ова подрачје го потресе уште еден земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, соопшти американскиот Геофизички институт.

 

Жариштето на потресот било на длабочина од 19 километри, а епицентарот на 68 километри западно од градот Намче Базар, во близина на највисокиот врв на планетата-Монт Еверест, пренесоа британските медиуми.

Сеизмичките тресења на тлото ги натераа жителите на Катманду во панично истрчување на улиците, а брановите биле почувствувани дури до индиската престолнина Њу Делхи.

 

 

 

 

Оцени ја веста

12.05.2015 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега