Ова е најубавиот подарок во мојот живот- Северина се разнежни

 

На популарната хрватска пејачка во последно време не и се симнува насмевката од лицето.

По големите успеси на работен план, кои не престануваат да се нижат, Северина конечно е среќна и во љубовта, а секојдневно насмевка на лицето и измамува и нејзиниот син Александар, од кој, како што вели го добила најубавиот подарок во животот.

 

Три годишниот Александар за Денот на мајките и нацртал цртеж во градинка. Со вазната со цвеќе дошла и една порака во која пишува дека најмногу сака да гледа диносауруси со мама, што целосно ја резнежнило Северина.

 

Ова е најубавиот подарок кој сум го добила во животот. Цртеж од мојот син… од градинка… На сите мајки, нека ни е среќен денот, гордо напишала таа на нејзиниот профил на Фејсбук.

Извор:Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

11.05.2015 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега