Обдукција на телата на терористите - собрани доказите од Дивата населба
Утринава надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција заврши со распитот на триесетте члена на терористичката група, по што до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор.
Осомничените се теретат за сторени кривични дела „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста" од чл. 313 и „Здружување заради непријателска дејност" од чл. 324 од Кривичниот законик, а дел од групата и за кривично дело „ Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи" од чл.396 ст.2 вв ст1.
Во текот на вчерашниот ден, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција изврши увид на местото на настанот во Куманово, во населбата „Диво насеље" и прибра докази кои смета дека ќе бидат од значајна корист во понатамошната истражна постапка.
Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција издаде Наредба за обдукција на сите починати лица. Истражната постапка продолжува.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа