Путин: Русија има задача да создаде еднаквост меѓу сите народи

 

На Црвениот плоштад во Москва денеска се оддржува досега најголемата Парада на победата по повод 70-годишнината од ослободувањето од фашизмот, а врховниот командант на руските Вооружени сили,  претседателот Владимир Путин порача дека денеска со сила наметнатите решенија му пречат на светскиот развој и дека затоа задача на Русија е да создаде еднакост меѓу сите народи, пренесува МИА.

 

-Русија има задача и да ги спречи светските закани на неблоковска основа. Само тогаш ние ќе обезбедиме мир на планетата, порача Путин честитајќи им го празникот на сите учесници на парадата, на гостите и пријателите и одавајќи им признание, како што кажа, на сите кои се бореле против фашизмот.

 

Путин ги претстави војниците од 10 земји кои учествуваат на парадата.

Втората светска војна, додаде тој, беше големата  татковинска битка во која нашите татковци и дедовци се бореле до крајните граници на човечката сила и покажале што е непоколоблив патриотизам.

-Се бореле за секоја улица, за секоја куќа, рече Путин изјавувајќи дека оваа парада е и знак на сеќавање на оние кои погинале во Курск и на Дњепр, оние кои умреле од глад, за оние кои завршиле во смрт во логорите.

„Ние им се поколонуваме како синови, мажи, браќа, сестри, роднини, пријатели. Ќе се сеќаваме на сите кои не се вратиле од војната, на сите кои не се со нас, порача рускиот претседател и притоа побара да им се оддаде почест со  минута молчење.

 

Потоа почна дефилето на учесниците.

 

 

Оцени ја веста

11.05.2015 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега