Зошто Бред Пит ја расплака Анџелина Џоли?
Солзи во очите на најубавата жена на светот, а сопругот не е баш многу заинтересиран?
За прв пат по филмот во кој се запознаа, „Господин и Госпоѓа Смит“, заеднички проект на познатата холивудска двојка Анџелина Џоли и Бред Пит е филмот „By The Sea“.
Планетарно познатата брачна двојка ги здружи силите и филмските сцени ги снимија на Малта, и иако се уште не е излезен ни трејлерот за филмот, веќе се зборува за номинација за Оскар.
Universal Pictures ги објави првите фотографии од филмот кој привлече внимание кај медиумите, а станува збор за емоционална приказна.
Тоа е приказна за нарушениот односот по загубата на блиско лице, за љубовта и патот до закрепнување. Ми беше чест да ја истражувам таа човечка страна и да се работи со таква добра екипа на луѓе – рече Џоли во официјалната изјава.
Со оглед на тоа што помина по двојната мастектомија и операција на јајниците и јајцеводите, Џоли лесно се поистовети со загубата.
Извор: Вистина.мк
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа