Во кол центарот „Ало докторе“ 34.834 повици

 

На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ од 15 септември до вчера имало 34.834 повици.

Здравствен дом - Скопје соопшти дека од 4 до 10 мај на линијата имало 855 повици. Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија. На сите лица кои се јавиле на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

Јавувањата најчесто се со широк спектар на најразлична симптоматологија, симптомна болка, кардиоваскуларни и респираторни симптоми од променливите временски услови.

 секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни директорите на јавните здравствени установи.

На линијата денеска од 18 до 22 часот за медицински совет ќе биде достапен директорот на Клиника за детска хирургија, д-р Ристо Симеонов, а утре д-р Емилија Велкова од Републичкиот завод за трансфузиологија . На 13 мај во кол центарот „Ало докторе“ дежурен ќе биде проф.д-р Зоран Спировски од Клиниката за торакално васкуларна хирургија, на 14 мај проф.д-р Игор Кузмановски, директор на Клиниката за неврологија, а на 15 мај проф.д-р Александар Чапароски, директор на Клиниката за нефрохирургија.

На 16 мај од 18 до 22 часот дежурен ќе биде проф.д-р Сашо Караѓозов, директор на Клиниката за дигестивна хирургија, а на 17 мај д-р Соња Кузмановска од Институтот за клиничка биохемија. 

 

 

Оцени ја веста

11.05.2015 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега