Министерот за одбрана на Латвија во посета на Македонија
Делегација од Министерството за одбрана на Република Латвија, предводена од министерот Рејмондс Вејонис, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Република Македонија.
Како што најави МО, министерот Вејонис ќе има средба со неговиот домаќин, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски.
Во рамки на посетата, министерот Вејонис ќе го посети Полкот за специјални операции во касарната „Илинден“ во Скопје.
Утре, според најавите, министерот Рејмондс Вејонис ќе се сретне и со претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, Емил Димитриев и членовите на Комисијата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа