Еден од македонските херои убиен на подмолен начин

 

Шестмина од полицајците кои учествувале во акцијата биле ранети на исклучително подмолен начин. Како што изјави синоќа министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, откако добиле знаци дека дел од групата се предава, полицајците тргнале да им пристапат за апсење и за чистење на теренот. Но, во тие моменти, остатокот од терористите кои се криеле зад групата што се предавала отвориле оган кон полицајците.

- Тоа покажува колку безмилосни и одлучни во своите намери се овие радикални структури, коментира Јанкулоска.

Според информациите, токму еден од загинатите полицајци кој подлегнал на повредите во болница, бил еден од овие шестмина ранети, пишува ДНЕВНИК.

 

 

Оцени ја веста

11.05.2015 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега