ВИДЕО: СДСМ без срам тера политика во ден на жалост

 

СДСМ сака да политизира акција која е од врвен и граѓански интерес и тоа безобзирно го прави во времето кога е ден на жалост.

Со силна помош од медиумите финансирани од СОРОС, СДСМ наместо да тагува по загинатите македонски херои кои го положија животот во одбрана на Македонија, си прави политика.

Максим Димитриевски, претседател на Советот на општина Куманово во вестите на Канал 5 побара оставки од премиерот Груевски и министерката Јанкулоска. На овој кумановец кој е најблизок соработник на градоначалникот Зоран Дамјановски-Циц, во тажен ден за Македонија му беше најважно да ја нападне власта. Медиумите на СОРОС ова го пренесоа со експресна брзина, обвинувајќи ја телевизијата за прекин на вклучувањето во живо.

Од друга страна, македонскиот премиер Никола Груевски изрази сочувство до загинатите и благодарност до полицијата, докторите, граѓаните и кумановскиот градоначалник.

-Во оваа прилика дозволете да изразам благодарност до градоначалникот на Куманово, за пораките и активностите во текот на оваа операција. Апелирам до сите кои во вакви моменти ја напаѓаа опозицијата или власта заради дневно политичка конфронтација на оваа тема, барем за време на вакви операции и состојби да ги прекинат тие актиности, бидејки во такви моменти потребно е единство на државата, рече Груевски.

Осум македонски херои загинаа спасувајќи невино население. Триесетина полицајци се повредени во вооружената престрелка со терористи. На СДСМ и медиумите на СОРОС денес единствено им е важна партиска битка.

 

 

Оцени ја веста

10.05.2015 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега