Опасни провокации од косовското „Самоопределување“ за кумановските судири
На вонредна прес конференција денеска лидерот на парламентарната група на партијата самопределување на Косово Глаук Коњица изрече неколку опасни тези со кои се обиде да ги волоши односите меѓу Косово и Македонија, пренесува Република.
Коњица ги обвини косовските институции и министерот за надворешни работи Хашим Тачи за неиспраќање протестни ноти за наводниот „напад на македонските сили врз невиното албанско население во Куманово“.
Националистичкото движење Самоопределување тврди дека македонската влада со артилерија ги нападнале албанците во Куманово како што тоа го правел Милошевиќ. Коњица зборува за убиени албанци а ниту збор за 8 убиени македонски полицајци.
Според него лажните приказни за терористики напад се само алиби за владата во Скопје да се пресмета со албанците во Куманово.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа