Владата ќе помогне со справување со хуманитарните предизвици во Куманово
На лицата чии домови беа вчера оштетени заради акцијата на полицијата, освен првичната хуманитарна помош, ќе им биде извршена финансиска надокнада по извршената проценка, истакна премиерот Никола Груевски во денешното обраќање.
Груевски им се заблагодари на сите оние кои во овие тешки моменти понудиле или пружиле помош, како и до илјадниците граѓани кои во текот на вчерашниот ден се понудиле за помош со најдиректно учество и превземање ризик.
Премиерот истакна дека македонската полиција ја имала досега најтешката, најсложената и најкомплицираната операција.
-Активноста која крајно професионално, одговорно и посветено ја раководеа професионалците во МВР, и во која македонската полиција составена од полицајци од сите етнички и верски заедници, изведе високо професионална, патриотска и херојска акција, успеа да ги неутрализира терористите кои планираа масовни убиства во Македонија, со цел нејзина дестабилизација,посочи Груевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа