Малолетник од Тетово преживеал хорор на улица

Вчеравечер околу 22 часот и 30 минути, 41-годишниот тетовец Д.Д. пријавил дека неговиот малолетен, 16-годишен син половина час пред тоа бил физички нападнат од четири непознати лица.

Нападот се случил додека се движел по улица „Видоја Смилевски-Бато“, четворицата непознати, најпрво му се доближиле, а потоа едниот од нив го удрил со тупаница по грбот, по што тој паднал на земја, а напаѓачот од раката му го одзел мобилниот телефон, по што четворицата веднаш избегале по улица „29 номеври“.

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега