12 години од основањето на СОС Детското село

СОС Детско село-Македонија одбележа 12 години постоење и по тој повод беше посетено од министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

- СОС Детско село се препознава по уникатниот модел, индивидуалниот пристап, квалитетната грижа, имплементираните стандарди и добрите услови за живот. Капацитетите за згрижување на оваа организација не се занемарливи, бидејќи згрижуваат голем број на деца на кои им е потребен топол дом, љубов и грижа, рече Спасов.

Тој потсети на бенефитите што тие ги добиваат од државата - правото на 180.000 денари еднократна парична помош за децата без родители или родителска грижа до 18 години, паричната помош на тие што редовно се школуваат или студираат - на оние кои првпат запишуваат студиска година на државните универзитети, магистерски студии или подготвуваат докторат им се доделува парична помош од 12.000 денари ако користат стан под закуп, односно 24.000 денари месечно ако не користат.

На прославата беа доделени благодарници на градоначалници, донатори, поддржувачи и соработници на СОС Детското село, а со свои настапи и креативни творби  неа ја збогатија и децата згрижени во СОС Детското село.

ФОТО: Плусинфо