Полицаец киднапирал куче за да го спаси од еутаназија

Дански полицаец Ларс Бо Ломхолт спасил куче германски овчар од еутаназија со тоа што го киднапирал. 

Полицаецот се решил да му го спаси животот на кучето, па го киднапирал од ветеринарна болница. Инаку, кучето требало да биде подложено на еутаназија бидејќи каснало друго куче и според зборовите на неговата сопственичка почнало многу лошо и чудно да се однесува.

Полицаецот воопшто не размислувал дали да го спаси кучето или не иако за делото му се заканува и казна од 20 години затвор.

Сега се води судски процес против полицаецот, а кучето според него е на сигурно место.

најчитано сега