Тенок: Неправилна и жална е одлуката Македoнија да не биде тема на разговор Самитот на Европскиот совет
Некоректно и за жалење. Ова е реакцијата на британскиот пратеник во Европскиот парламент Чарлс Тенок за вчерашната одлука на Советот за општи работи на ЕУ да не ја стави Република Македонија на агендата на утрешниот Самит на Европскиот совет.
Во изјава за дописникот на МИА од Брисел, европратеникот од партијата на конзервативците во ЕП ја изрази својата, но и разочараноста на европскиот законодавен дом во однос на ваквата одлука на министрите за надворешни работи на змејите-членки на ЕУ.
- Мислам дека таквата одлука на Советот на министри не е изненадувачка, но сепак е за жалење и е многу некоректна во однос на вистинските реформи во Македонија и напредокот на земјата, вели Тенок.
- Јас мислам дека тоа се должи на долготрајниот став на една земја-членка, а која има можност и право да става вето на ова прашање. Во Европскиот парламент и во Комисијата ниту една земја-членка не ужива право на вето за овие прашања, дециден е Тенок.
ФОТО: Канал 5