Текстописецот на Тоше Проески воодушевен - му понуди песна на Давид!

Овогодинешното регионално шоу Х-фактор е преполнo со таленти. Меѓу нив и голем број на Македонци како Давид Темелков кој со својот глас ја освои цела балканска публика.

Тој ја изведе песната „Тајно моја“ од нашиот Тоше Проески. Текстописецот на овој голем хит, Огнен Неделковски веднаш по емитувањето на Х-фактор побарал контакт со ова момче.

-По емисијата господинот Неделковски ме контактираше и ми даде комплименти. Не можа, да опишам колку сум среќен, како да сум на седмо небо. Јас ја обожувам таа песна, а Тоше ми е идол. Ми рече дека сака да ми напише песна, што е голема чест и се надевам дека таа соработка ќе стане реалност, рече Давид, пренесоа српските медиуми.

-Знаев дека поседува одлични вокални способности, но буквално останав без текст и без здив кога го чув како ја пее мојата песна и на Тоше. Како текстописец на оваа песна знам дека истата бара многу силни емоции и душа, како и преголем гласовен опсег. Таа “молика“ и тие “фенери“ и целата тажна приказна, треба да се доживее и убаво да се пренесе, а тоа не го може секој! Тоа го можеше само Тоше, рече тој.

Секоја чест за Давид.

 

 

Оцени ја веста

30.04.2015 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега