Исчезнати 1,2 милиони долари од швајцарски авион

Од авионот на швајцарскиот „Интернешенел ерлајнз“ кој слетувал на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ исчезнале 1,2 милион долари во готовина пренесува ФБИ. Парите биле во банкноти по 100 долари. Засега не е познато дали парите исчезнале од Цирих од каде што полетал авионот или по слетувањето во Њујорк. Од ФБИ велат дека истрагата е во тек и дека нема повеќе да го коментираат случајот. 

 

 

најчитано сега