Родители монструми: Си го заборавиле бебето во автомобил па починало

3-годишно момче било пронајдено мртво, откако неговите родители по грешка го заборавиле во автомобил на Флорида за да присуствуваат на погреб на свој близок роднина.

Имено, родителите на бебето, 29-годишниот Роберт и 30-годишната Аманда одлучиле на погребот да одат со два автомобили.

Двете постари деца биле во автомобилот на негователката, додека најмладиот Кајрис бил во автомобилот со родителите.

Откако стигнале до местото Андерсонови ги повеле негувателката и двете деца со себе, додека најмалиот син го заборавиле во автомобилот.

Времето било навистина топло, па така момчето со часови останало во топлиот автомобил без клима.

„Родителите откако се вратиле од погребот , и кога ја прашале негувателката каде им е третото дете  таа одговорила дека мислела дека е со нив", било изјавено од полицијата.

 Иако Брзата помош пристигнала брзо, малиот Кајрис починал во најблиската болница.

најчитано сега