Заев и СДСМ се “дозакопаа“ со вчерашната прес-конференција

Доколку се споредат неколку од псевдонимите кои вчера Заев ги објави, како на пример Klinik1, NAPO6, VON-10A и други ќе се забележи голема сличност со псеводнимите кои во скајп комуникацијата ги користеле Зоран Верушевски, регистриран под прекар Orkestar 11 и петтоосомничениот, техничар во УБК Ѓорѓи Лазаревски, регистиран под псевдоним Coca Cola 10a.

Новата бомба на опозициската СДСМ донесе стари обвинувања дека зад аферата со прислушување стоела власта, но Зоран Заев наместо пред јавноста да изнесе директни докази за ваквите обвинувања, како што Радмила Шекеринска тврдеше пред почетокот на пресот, Заев пушташе аудио материјали кои повторно ништо не докажувааа и не претставуваа никакви докази за она што Заев го тврдеше, со што повторно опозиционерите се “дозакопаа“.

Експертите сметаат дека Зоран Заев со вчерашниот настап целосно ги потврдил сомневањата против екс-разузнавачот Зоран Верушевски и двајцата вработени во ДБК опфатени со акцијата Пуч, а ја потврдил и својата улога во ова сценарио. Заев воедно ја потврди и конверзацијата на Верушевски со оперативците за планираното сценарио за насилни протести.

Заев дополнително се “дозакопа“ со тврдењето дека лицата кои биле следени се водени под псевдоними, притоа откривајќи дел од нив. Имено, доколку се споредат неколку од псевдонимите кои вчера Заев ги објави, како на пример Klinik1, NAPO6, VON-10A и други ќе се забележи голема сличност со псеводнимите кои во скајп комуникацијата ги користеле Зоран Верушевски, регистриран под прекар Orkestar 11 и и петтоосомничениот, техничар во УБК Ѓорѓи Лазаревски, регистиран под псевдоним Coca Cola 10a.

Според познавачите, ова е доказ дека Верушевски и неговата мрежа користат бројки во своите прекари дури и преку скајп, исто како и псеводнимите кои Заев вчера ги објави, што е уште еден показател за тоа кој стои зад прислушувањето. Имајќи ги во предвид секојдневните контроверзни тврдења на Заев, нема да е чудно тој дури да излезе и со обвинување дека власта им ги креирала псевдонимите на Верушевски и Лазаревски на скајп и им ставила бројки на крајот од прекарот.

Аналитичарите сметаат дека од вчерашната прес-конференција на Заев јавноста слушнала уште еден доказ за тоа дека прислушкувањето го вршел Верушевски за пари во соработка со странска служба, а со домашни  предавници и шпиони коишто му ги давале информациите.

-Повторно се докажа дека законот кој што е на сила за следење на комуникации е донесен во крајно легална процедура, во договарање со опозицијата, дека истата таа опозиција и врвните нивни членови Шекеринска, Станковиќ, Бендевска, Петковски гласале за тој закон и дека е во согласност со европските стандарди, смета аналитичарот Александар Пандов.

Заев вчера повторно се пофали дека поседува еден куп незаконски прислушкувани и креирани, материјали и смс пораки, но на прес-конференцијата иако во воведот тврдеше дека ќе изнесе директни докази дека власта стоела зад прислушувањето, сепак Заев не понуди ниту еден аргумент за да го поткрепи тоа, постигнувајќи си уште еден автогол. 

КУРИР

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега