Владо Јаневски и кажа збогум на Македонија

 

Години наназад еден од најпопуларните пејачи од забавното естрадно музичко небо, Владо Јаневски, успешно ја сокрива приватноста и неговиот љубовен живот. Медиумите досега му „местеа“ девојки како Викторија Лоба и фолкерката Ани Малинокова, но и тогаш информациите останаа само како неточни шпекулации, а вистинската љубена на чаирскиот романтичар остана во тајност.

Кон почетокот на овој месец, после осум години Владо на својата огромна публика и приреди концерт за паметење и ги почести своите обожавататели со неговите големи музички хитови за романтични срца. Деновиве во домашните музички кругови почнаа да се шират гласини дека Владо после концертот наводно ги спакувал куферите и ја напуштил Македонија упатувајќи се кон Флорида во Америка.

Како што се зборува, причините за тоа се ни повеќе ни помалку туку љубовни, а Владо планира да остане таму и приоритет да му даде на љубовниот живот. Неговата избраничка живее на Флорида, а дали планира и венчавка е се уште непознато. Последен пат кога медиумите пишуваа за неговите наводни љубовни врски, тој се огласи на официјалната фан страница на Фесјбук и ги демантираше, а дали овојпат ќе се огласи од Америка, останува да видиме.

(извор:ХИТпортал)

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега