Мобилен број продаден за 2,2 милиони долари
Додека некои луѓе едвај составуваат крај со крај, други се расфрлаат со пари. Еден таков пример има од Обединетите Арапски Емирати, каде богат шеик на аукција потрошил 2,2 милиони долари за „обичен“ телефонски број, пренесува „Вијести“.
Овој број воедно е и најскапиот број на мобилен телефон и гласи:
052 2222 222
Како што наведуваат светските медиуми, бројот на аукција во Дубаи продаден е за речиси 2,2 милиони долари на еден локален бизнисмен, чиј идентитет не е познат во јавноста.
Компанијата Телеком Ду соопшти дека дел од парите ќе оди во добротворни цели.
Оцени ја веста
29.04.2015 - 11:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа