ФОТО: Жизел гола на насловната на Вог
Списанието „Вог“ слави 40 години од своето постоење во Бразил, па логичен избор за насловната страница на јубилејното издание секако е најплатената светска манекенка Бразилката Жизел Бундхен.
Иако неодамна се повлече од модната писта, таа реши да се соблече сосема гола и да позира за насловната страна на списанието.
Жизел за јубилејното издание на Вог позираше гола , дури ја „соблече“ и буквата Г од името на магазинот.
-Славиме 20 години од мојата кариера и 40 години од „Вог “ во Бразил, напиша Жизел на Инстаграм .
Убавата Бразилка објави фотки од фотосесијата два дена пред излегувањето на јубилејното издание.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа