Дуќанџиите велат: На ГТЦ му е потребна итна реконструкција

 

Градскиот трговски центар итно треба да се реконструира за да си го врати сјајот. Помалку е важно каков ќе биде надворешниот изглед, велат дуќанџиите во најстариот трговски центар за Телеграф.мк.- Трговскиот пропаѓа веќе подолго време.

- Најбитно е да биде затворен и климатизиран и да биде пријатно за шетање и во лето и во зима. Не можам да ги разберам полемиките што се водат за надворешниот изглед, а никој не зборува за негова реконструкција внатре – рече еден од сопствениците за Телеграф.мк, додека друг додава дека  не може да не се забележи откорнатиот таван на приземјето, зараснатата трева на покривот, подвижните скали кои често не работат, зацрнетите ѕидови на паркингот во подрумот.

Дуќанџиите велат дека не можат да разберат како цените за кирии наместо да се намалуваат со години се останати исти. Така, за изнајмување дуќан на вториот кат се плаќа и по илјада евра, оние на првиот кат по 1.500, а, пак, изнајмување дуќан на приземјето, каде што фреквенцијата на луѓе е најголема, може да достигне и 2.000 евра.

целиот текст прочитајте го на Телеграф.мк

 

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 13:34
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега