Жељко Јоксимовиќ се огласи по критиките кон него

Во втората фаза на Х Фактор која започна во неделата, Жељко Јоксимовиќ опасно навреди едно момче поради вишокот килограми. Откако социјалните мрежи и медиумите се преплавени со оваа информација, тој се огласи и го кажа својот став.

- За сите душогрижници, морам да појаснам. Х Фактор Адриа не е натпревар во кој бараме пејачи, тоа е шоу каде што бараме некој кој ги има сите атрибути. Потенцијални музички ѕвезди. А како и самиот често водам борба со вишокот килограми, не гледам ништо лошо во обрнувањето на внимание на физичкиот изглед и грижата,  напиша Жељко на својот Твитер профил.

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега