Пешак прегазен на скопските улици
Сообраќајната полиција вчера на подрачјето на Град Скопје извршила увид на девет сообраќајни незгоди од кои седум се со материјална штета, а во пет со телесна повреда се здобиле еден сопатник и еден пешак.
Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 23 пешаци, кои не поминале на обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорите за пешаци, 22 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив девет се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 13 не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, информира СВР Скопје.
Со помош на „пајакот“ во текот сообраќајната полиција отстранила 52 возила, кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа