Помош од 1.300 турски лири за мајките кои имаат по три деца

Државна помош од 1.300 турски лири (440 евра) ќе добијат мајките кои ќе ја исполнат препораката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и ќе родат по три деца, јави БТА.

Одлуката според која Турчинките ќе добиваат по 300 турски лири (100 евра) за едно дете, по 400 лири (135 евра) за две деца и по 600 лири (200 евра) за три или повеќе деца е објавена денеска во државниот весник.

Мерката беше објавена во јануари како дел од стимул за турските мајки. За подоцна е предвидено Турција да воведе можност за работа на половина работен ден за мајките по истекот на породилното отсуство. Во тој период, кој ќе се орпеделува според бројот на децата,  мајките ќе добиваат целосна плата.

 

 

Оцени ја веста

27.04.2015 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега