Непал: Повеќе од милион деца имаат потреба од помош по земјотресот
Околу милион деца имаат потреба од итна хуманитарна помош по разорниот земјотрес во Непал во кој имаше околу 3.200 жртви, соопшти денеска УНИЦЕФ.
- По потресот што го погоди Непал илјадници деца и нивните семејства спијат на отворено и постои опасност од ширење на болести, соопшти специјализираната организација на Обединетите нации. Најмалку 940.000 деца кои живеат во зоните погодени од потресот во Непал имаат потреба за итна хуманитарна помош пренесува Фена.
Поради недоволно количество на вода за пиење и санитарни објекти децата се изложени на болести кои се шират низ воздухот, додека некои деца се одвоени од своите семејства.
УНИЦЕФ мобилизира тимови и во Катманду ќе испрати два товарни авиона со 120 тони хуманитарна помош, меѓу кои ќе има лекови, шатори и прекривки.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа