Анкета: Повеќето Грци се незадоволни од работата на Владата
Мнозинството од Грците не се задоволни од работата на новата грчка Влада и половина од нив бараат таа да постигне компромис со меѓународните кредитори, доколку сегашните тешки преговори за спасувачкиот план се најдат во „ќор сокак“, покажуваат резултатите од спроведената анкета на агенцијата АЛКО.
Во истражувањето 52 отсто од испитаниците изјавиле дека не се задоволни од претставувањето на Владата, по нејзината победа на изборите на 25 јануари, додека 39 проценти ја поддржале работата на владиниот кабинет.
Ако кредиторите не ги прифатат грчките предлози и барања, тогаш 50 отсто од анкетираните сметаат дека Владата треба да направи компромис, а 36 проценти поддржуваат прекин на преговорите.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа