Мароко: Се самозапалил во знак на протест против властите

 

Поради одбивањето на властите да му издадат документи кои му биле неопходни за грижа на неговата болна сопруга, еден Мароканец се замозапалил и починал во Мароко. Абделкадер (50) кој е татко на пет деца, се полеал со бензин и изгорел пред општинската зграда во градот Себаа Ајун на 15 километри југоисточно од градот Мекнес. 

Во последните години во Мароко се извршени неколку случаи на самозапалување. Минатиот месец еден трговец почина по самозапалување во Маракеш во знак на протест поради конфискување на неговата стока од страна на властите.

најчитано сега