Стан и парична помош за жена која во битката со рак остана без нога

Прегратка од среќа- неразделни, неколку минути во неверување Сузана и нејзината ќерка Ружа беа склопчени како едно на болничкиот кревет кога министерот Диме Спасов им кажа дека ќе добијат стан, нема повеќе да живеат во старата куќа во Чучер Сандево, пишува Канал 5.

Мајката Сузана ја помина тешката битка со операцијата и остана без нога, но кога ќе излезе од рехабилитација ќе има каде да оди бидејќи Министерот Спасов одлучи да и додели стан.

-Ќе добијат парична помош, детски додаток, паричен надоместок за нега од трето лице. За среќа што побрзо ќе го доделиме и станот, подвлече министер за труд и социјална политика Диме Спасов во изјава за Канал 5.

-На сите им сум благодарна. Му благодарам на министерот и на Црвениот крст за се. Многу сум среќна,  изјави за Канал 5 Сузана Георгиев Дурашиќ.

-Сега ќе можам подобро да се грижам за мајка ми. Ќе имаме наша куќа, вели нејзината деветгодишна ќерка Ружа Малешевиќ.

Извор и ФОТО: Канал 5

најчитано сега