Министерот Димовски изврши увид на штетите од невремето во Прилеп

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски денеска оствари средба со земјоделците од населеното место Беровци и беше направен увид за штетите кои беа предизвикани од невремето кое го зафати Прилеп и околината. Димовски истакна дека стручна комисија ќе излезе на терен и ќе направи увид на штетите кои ќе ги пријават граѓаните. Извештаите ќе бидат пренесени до владина комисија. 

Во насока на решавање на проблемите со кои се соочуваат земјоделците, но  и интензивирање на  активностите меѓу локалната и централната власт и превземање на конкретни дејства кои долгорочно и стратешки би решиле поголем дел од проблемите со кои се среќаваат земјоделците.

ФОТО: Влада.мк

најчитано сега