Мицковски: Ова е пораз за цела опозиција и нејзините бомби
Опозицискиот колумнист Ивор Мицковски по неуспешниот референдум во Центар порача вината за огромниот неуспех на референдумот за ГТЦ да не се префрла само на Жерновски, туку дека тоа е вина на опозицијата. Мицковски пишува дека опозицијата е фрагментирана, нивните бомби се неуспешни и нема капацитет за промени.
-Ова не е пораз само на Жерновски, да не се лажеме. Ова е пораз за целата фрагментирана и поделена опозиција. Ова е пораз на бомбите за Центар. Ова е потсетување дека нема иднина со монополизирана опозиција, дека критиката е повеќе од потребна и дека суштински треба да се преиспита актуелното политичко делување, пишува Мицковски.
Според Мицковски, “сега ќе слушаме како борбата продолжува, и тоа е така, но денес, докажавме дека не сме ништо подобри од тие што сакаме да ги смениме...’
-Покажувањето веднаш со прст кон Жерновски, е само уште еден во серијата докази, дека капацитет за такво нешто, во моментов не постои, додава поддржувачот на опозицијата.
Референдумот за ГТЦ е неуспешен, затоа што ја нема потребната излезност за законскиот цензус од 50%. Според информациите кои ги потврдија од ДИК и од општина Центар, денеска во општината на гласање излегле 40.5% од запишаните гласачи во општината, односно недостигаат околу 10% за референдумот да биде успешен.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа