Српската манеленка која лажеше дека е силувана може да добие 5 години затвор

Веста за наводното силување и тепање на српската манекенка Мина Миленковиќ во јавноста предизвика бура на коментари за тоа дали истата треба да одговара за лажно пријавување и ширење на лажни вести. Републичкото јавно Обвинителство како што дознава Телеграф за сега на во план да реагира по повод ваквиот случај, но кривична пријава против Миленковиќ би можел да поднесе момчето кое беше лажно обвинето за силување. Имено манекенката мина два дена за време на викендот во стан со уштре тројца мажи. Тие беа уапсени откако Мина ги обвини за силување а што и се случило на почетокот и кажала на лицето кое ја пронашло а потоа истиот исказ и го пренела на полицијата. Драгољуб Џорџевиќ, претседателот на Адвокатската комора на Србија вели дека на кривичното дело лажно пријавување Обвинителството обично реагира кога е во прашање јавен интерес.  

„Со оглед на тоа дека во овој случај никој не е повреден, убиен и оштетен, не верувам дека Обвинителството ќе реагира. Во принцип тие реагираат кога до нив ќе “допре глас“ но во пракса ретко некој превзема кривично гонење поради лажни пријави. За 30 години колку што сум во оваа работа, немало случај во кој сум бил ангажиран за вакво нешто“, вели Џорџевиќ. Тоа не значи дека случајот на Миленковиќ ќе прати порака дека можете да направите општа вознемиреност околу секое исчезнување, да обвините некој за силување и никој да не реагира“, вели Џорџевиќ. 

 

Се зависи од момчето. Ако тоа поднесе тужба Мина би можела да добие повеќегодишна робија. 

 

 

 

најчитано сега