Ќе поскапат ли цигарите откако Хрватска ќе влезе во ЕУ?

Од први јули, со влезот на Хрватска во ЕУ, се менуваат правилата на игра. Земјата која досега беше дел од ЦЕФТА, ќе мора да прифати поинаков трговски режим. Тоа значително ќе го почувствува тутунската индустрија поради обврзните дополнителни давачки, зголемен данок за цигарите речиси една третина и повисоки царини, од 27 на 42 отсто.

Според менаџерскиот тим на Фабриката за тутун од Ровињ (ТДР), интезивно се бараат начини за намалување на евентуалните финансиски оптоварувања.  Се преговара со институциите на ЕУ за ублажување на последиците. Една од опциите е тргување по „старите“, ЦЕФТА правила.

- Нашата намера е и по излегувањето на Хрватска од ЦЕФТА да продолжиме со снабдување на сите регионални пазари, вклучувајќи ја и Македонија. Преговараме со Европската комисија и сите земји да се изнајде решение со кое ќе им се помогне на хрватските извозници да продолжат со извоз под исти или слични услови како досега. Се надеваме на успех зашто има интерес од двете страни, изјави претседател на Управниот одбор на ТДР Мато Задро на средба со новинарите.

- Хрватските извозници сакаат да издејствуват дополнителни договори за извоз по ЦЕФТА договорите, но и да го користат европскит пазар, а другите земји  да ја користат ЦЕФТА, но не и европскиот пазар. За ова не постои согласност од коморите на ЦЕФТА државите, вели Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија.

Храватска  годишно откупува околу 850 тони македонски ориентален тутун или 5 отсто од вкупното производство во вредност од 2,7 милиони евра. Лани Македонија увезла 503 тони цигари од хрватската ТДР.

На македонскиот тобако пазар се зголемува конкуренцијата со влезот на уште едне голем светки играч „Бритиш американ тобако“. Јапан тобако, пак, лансираше на пазарот пакување со 10 цигари. Тоа, објаснува Ристовски, ја зголемува конкуренцијата. Кај нас се уште не е законски дефиниран минималниот број цигари во пакувањето што е случај со сите останати земји од регионот каде не се дозволува во едно пакување да има помалку од 19 цигари.

ФОТО: Канал5

најчитано сега