ВИДЕО: Направила изложба од менструалната крв која ја собирала 5 години
Чилеанката Карина Убеда е автор на бизарната изложба на која ги претстави своите уметнички дела во ткаенина натопени со нејзината менструална крв која ја собирала последните пет години. Изложбата брои 90 работи, кои се натопени со крв. На секоја од нив со крвави дамки е испишана порака „отфрли“, уништи. На прашањето како воопшто дошло до ваквата идеја да направи ваква изложба, Убета вели дека сакала да направи поврзаност на уметноста и нешто лично.
„Не можам да носам влошки како останатите жени затоа што сум алергична на нив“, вели Убеда која неодамна завршила и факултет.
Изложбата која е отворена минатиот петок беше шок за многумина, а повеќето посетители тврдат дека таа е гнасна и одвратна. Сепак многу жени пак застанаа во нејзина одбрана. Погледнете ја и вие изложбата и самите проценете дали станува збор за уметност или нешто друго.