Лоран Блан нов тренер на ПСЖ

Поранешниот француски фудбалер Лоран Блан ќе седне на местото на Анчелоти на клупата на Парис Сен-Жермен. Анчелоти како што беше познато се пресели во Реал Мадрид. Французинот Блан со новиот француски шампион потпиша двегодишен договор. Богатите шеици од него очекуваат одбрана на францускиот пехар но истовремено и успешен настап во Лигата на шампиони. Блан веќе ја има освоено Лига 1 во 2009 година со тимот на Бордо. Беше предводник и на француската репрезентација во периодот од 2010 до 2012 година. 

 

најчитано сега