Филе од министрите на ЕУ побара да не се заборави Македонија

Денеска комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе побарал од министрите за надворешни работи на земјите членки да не заборават на Македонија, и покрај тоа што денеска не е тема на разговор.

Како што јавува дописникот на МИА од Луксембург, Филе во своето образложение на тркалезната маса пред шефовите на дипломатиите за процесот на проширување, дал до знаење дека и покрај тоа што е тема доделувањето на датум за преговори на Србија, во иднина не треба да се заборави и на Македонија.

- Неодамна станав министер и морам да кажам дека мојата прва посета беше на Македонија. Таму затекнав позитивна атмосфера во однос на добрососедските односи и во исполнувањето на реформите за членство во ЕУ. Мислам дека се затоплуваат односите меѓу Бугарија и Македонија и тоа очекувам да донесе позитивни работи во иднина, па не треба да ја заборавиме оваа земја во иднина, порачал бугарскиот министер Вигенин.

Филе и Вигенин единствени ја споменале Македонија, додека сите останати говореле за Србија и можноста да се додели датум за преговори. 

најчитано сега