Латас: Во креираните материјали на Заев нема докази за криминал - јасно е дека државнот врв не прислушкувал

 

Од досега објавените материјали може да се забележи дека нема никаки докази за криминал и е јасно дека државниот врв не прислушкувал.  Материјалите на Заев користат единствено за уцена и за дискредитирање на личности.

- Никој не верува дека имало 20.000 прислушкувани граѓани. Никој не верува дека власта прислушкувала. Материјалите кои ги има Заев служат за негова лична промоција до најдолно ниво на лудило. До ниво на клинички случај. За закани, за едни луѓе што оговарале, тоа е најдолниот начин. Тука нема ниту П од политика, рече Драган Павловиќ-Латас.

Истовремено во дел од материјалите кој Заев ги објави можеше да се види како СДСМ е таа која правела инциденти и купувала гласови.

-ВМРО-ДПМНЕ има 500.000 гласачи. Од нецелосните снимки никаде не се кажува дека тие краделе гласови. Напротив, се кажува дека Заев крадел гласови во Струмица со силеџиите пуштени од притвор, дека СДСМ купувал гласови во Куманово, дека СДСМ купувал гласови во Охрид. Тоа го има во разговорите. Истите разговори за кои ги обвинуваат другите, рече Латас.

Тој го анализираше писмото на Црвенковски и посочи дека Црвенковски знае дека Заев од оваа утакмица нема да излезе како победник.

- Црвенковски ќе го пушти Заев во затвор, како што го пушти во тоа време Амди Бајрам. Око нема да му трепне. На митинзите ќе го снимаат и сликаат Бранко, Заев нема да биде најважен, рече Латас.

И новинарката Мирка Велиновска во колумна за Нова Македонија заклучи дека Пучот на Заев не успеа.

-Сега на проектов му треба дотур на бензин и експлозив. Ангажирани се стандардните марионети што одамна со договори во четири очи изведуваат валкани работи сврзани со етапно исчезнување на Република Македонија како државен и национален ентитет. На потег се народот, Уставот и државните институции, пишува новинарката.

Бранко и Заев меѓудругото ги поврзува организацијата СОРОС. Тоа е организација која всушност во голема мера ги влече политиките во СДСМ. Не само финансиски туку и стратешки ја помага оваа партија. Тие заедно дејствуваат речиси дваесет години и меѓусебно се помагаат меѓусебно, а СОРОС како организација делува како паралелна власт која тргува со старите и потрошени кадри.

-СОРОС е паралелна власт за СДСМ од 1995-та година, која има свои инсталации и кадри во СДСМ. Со СДСМ владее СОРОС од 94-та. Со своите пари, СОРОС го создаде А1 телевизија. Кога некој ќе промрчеше за СДСМ, го имаше на А1. Ги елиминираа нив. Така Шекеринска дојде на Власт. Кога Бучковски беше биран на конгрес, го нападнаа само двајца -Шекеринска и Милчин, рече Латас.

Институтот СОРОС кој се расфрла со пари и корумпира медиуми со годишен буџет од над 5 милиони евра практично е подбуцнувачот на кризи што се покажа дека оваа организација има вмешано прсти и во случајот Пуч на Зоран Заев.

- Со други зборови, марионетки како Заев, Верушевски, на повик од газдата, кога ќе им наредат може да активираат политичка или институционална криза. Доволни му се стотина тутурутки како актуелниве што ги плаќаат Сорос и УСАИД за да станат функционален џубокс. Од агол на гледање на дувачкиот оркестар „Геро и дудуците“ токму затоа не постои ни народ, ни мнозинска изборна волја. Во нивниот светоглед на матрица со уснимена песна под некој реден број важна е раката што уфрла паричка и го стиска копчето токму со нивниот број, пишува новинарката Велиновска. 

 

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега