СДСМ и СОРОС со монтирани случаи сакаат да се претстават како жртви
Овие денови СДСМ и новинарите на СОРОС прават своедвидено дежа- ву на методите и начините на работа кои се веќе познати и видени од минатото.
Откако методата “венец на врата“ СДСМ ја спроведе и ја проба со Стевчо Јакумовски кому му доставија венец до неговата семејна куќа, сега истото го прават и применуваат со Борјан Јовановски, овој пат со цел самите да се прогласат за жртви.
Околу тоа направија фама, а самите си го измислија овој настан. Новинарот Драган Павлавиќ Латас во врска со испратениот венец во домот на новинарот Борјан Јовановски вели дека е само пропаганден трик кој тие самите си го направиле.
- Венецот е пропаганден трик. Зошто на Јакимовски може да му стават венец, тоа не било ништо, а сега на Борјан е нелегално. Со кое право венецот за кој знаеме дека го испратил СДСМ е легитимен, а венецот кој не знаеме кој го ставил е нешто страшно. Јас до тој момент го поддржував Борјан, се додека новинари блиски до опозицијата утредента не излегоа на протест. Венецот е доставен од соросоидите за да се употреби утредента во пропагантни сцени, рече Латас во емисијата „Јади бурек“.
Истовремено, иако новинарите платени од СОРОС се најгласните во ширењето на тезите на СДСМ дека немало слобода и демократија и дека судството било корумпирано, новинарот Драган Павловиќ Латас сведочи дека Борјан е тој кој вршел жесток притисок да се донесат судски одлуки во негова корист и дека истиот повеќепати се јавувал кај Филимена Маневска од која барал да се пресуди во негова корист со што тој би се стекнал со имотна корист.
- Борјан е тој што барал од Филимена да му смени пресуда при разводот со првата сопруга, со која граделе заедно куќа на три спрата. Борјан иде кај Филимена да ургира да се донесе пресуда тоа што го изградиле заедно со претходната жена, да остане на него и на втората жена, рече Латас.
Со ваквите тврдења се поткрпепува тезата дека целиот ангажман на опозицијата и новинарите на СОРОС е за сопствена и лична корист, дека водат неискрена битка во која сакаат преку монтирани случаи да се прикажат како жртви иако тие се првите кои прибегнуваат кон нарушување и одземање на слободата, вршат закани и притисоци.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа