Вистинска драма пред Велес: Спасувачите не можат да дојдат до повредените а ги има многу

Најмалку 6 лица згинале во железничката несреќа која вечерва околу 22:30 се случила на пруа Велес - Скопје, информираат од МВР за Press24. Според информациите несреќата се случила во близина на стојалиштето Пчиња кога меѓународниот воз налетал на поголема група мигранти која се движела по пругата. Станува збор за простор кој е непристапен за никакво возило освен шинско и до местото може да се стигне само преку пругите. Затоа од Велес веднаш тргнало шинско возило со полициските службеници, Јавен обвинител и екипа на Прва помош. Возила на Брза Помош се ипстатени и од Скопје. На терен се и екипите на ЦЕнтар за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување кои ги прават сите напорти да стигнат до повредените но не се во можност.

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 01:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега