Директор пет дена е заложник на работниците кои бараат повисоки плати
Американецот Чип Старнс, директор на фабрика за медицинска опрема во Кина изјави дека петти ден е заложник на вработените.
Вработените од него бараат исплата на отпремнина, како што добија 30 нивни колеги во неодамна затвореното одделение за пластика.
Старнс тврди дека кинески претставници во саботата ја посетиле фабриката во предградие на Пекинг и барале од него да потпише дека ќе ги исполни барањата на работниците за отпремнина.