Почина момчето кое беше удрено од струен удар
Момчето кое што беше удрено од струен удар на железничката станица, дванаесет годишниот Ѓ.М. починал минатата ноќ на Клиниката за детска хирургија и ортопедија во Ниш. Преголемите изгореници од 90 степени по неговото тело биле преголеми за нешто да можат да направат самите доктори. Момчето со повредите се здоби откако си играло со другарите низ вагоните. Кога се качил на едниот го удрил струен удар. Едно од другарчињата почнало да вика и да бара помош.
Момче се стрча кон станицата и викаше: „Помагајте, ми гори другарот!“ Го зграпчив противпожарниот апарат и трчав 300 метри. Меѓу 10. и 11. перон видов дете како гори. Плачеше и врескаше: Ве молам спасете ме! Крв му излегуваше од устата, а главата му беше повредена. Гореше како факел. Во животот не сум видел ништо пострашно, а војував на Косово, изјави за Блиц Драган Милошевиќ, пожарникар и чувар на железничката станица во Ниш.
ФОТО: Курир