Гвардиола на чело на Баерн најмалку уште една сезона

Тренерот на Баерн Минхен Пеп Гвардиола ќе остане да го предводи клубот барем до истекот на договорот во 2016 година, изјави директорот на Баварците, Карл-Хајнц Румениге. 
 
Гвардиола, кој во Баерн дојде од Барселона во 2013 година,цел е на неколку европски клубови, и се споменува можен трансфер во Манчестер Сити. 

Шпекулациите за иднината на Гвардиола се интензивираа во деновите по поразот на Порта 3:1 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, особено по заминувањето на долгогодишниот тим на
лекари од клубот.

-Јас многу добро знам дека Гвардиола ќе биде наш тренер најмалку до 30 јуни 2016 година", изјави Румениге за „Билд".

Тој нагласи дека преговорите за евентуално продолжување на договорот ќе се водат во втората половина на годината. 
 
- Целта е на Гвардиола да му се продолжи договорот и мислам дека постојат големи шанси тој да остане тренер и по 2016 година, истакнува Румениг

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега