Русија се закани: Ќе запре гасот за Европа акоБрисел го блокира „Турски тек“

Рускиот гигант Гаспром за прв пат се закани дека ќе го затвори вентилот за гас кон Европа доколку биде блокиран проектот за гасоводот „Турски тек“, пишува Република.

-Ќе го сопреме гасот за ЕУ ако не присилат на тоа- посочува директорот Алексеј Милер во Берлин. Според него ЕУ еднострано се обидува да ги префрли сите ризици за снабдување на гас, што создава големи тешкотии за „Гаспром“.

-Европа треба да даде јасен и категоричен одговор дали и треба овој ресурс или не- додава Милер.

Експертите за руските медиуми велат дека до сега руските власти и раководството на „Гаспром“ инсистирале никогаш да не бидат опвредени договорите кон европските клиенти. Во Европа постои коалиција на држави кои го поддржуваат „Турскиот тек“, но меѓу нив не е Бугарија, која под притисок на Брисел се откажа од градењето на „Јужен тек“. Експертот за енергетика Дмитриј Баранов, за рускиот економски весник „Дејли“ смета дека причина за вака остри изјави е создавањето на европскиот енергетски сојуз.

Европските потрошувачи до сега поединечно се договараа со доставувачите, а условите беа строго доверливи.

-Ако Европската комисија сака да воспостави единствена увозна цена за гасот, тоа нема да биде најниската цена по која ја снабдуваме Европа- додава Баранов.

RUSSIA-UKRAINE-CRISIS-ENERGY-GAZPROMАмериканската агенција Блумберг за предупредувањето на Милер пишува дека тужбата која што ЕУ ја поднесе против „Гаспром“ за „злоупотреба на доминантната позиција на европскиот пазар“ може да ги искомплицира решавањето на украинската криза и да го зголеми ризикот од прекинување на рускиот гас до Европа. Блумберг потсетува дека Русија ја предупреди Европа дека планира од 2020 година да престане да испорачува гас преку Украина, која сега е главна патека. Според Русија, „Турски тек“ не ги крши европските прописи, бидејќи земјите членки ќе може да изградат сопствена мрежа од турско-грчката граница.

-„Гаспром“ се повлекува од контролата на системот за дистрибуција во Европа за да се фокусира на ценовната конкурентност. Ја прилагодува стратегијата на европските прописи. „Турски тек“ е одраз на нова стратегија, со тоа што ќе го донесе гасот до граница, а на купувачите ќе остане да се справуваат со европските прописи- вели аналитичарот на Центарот за европска политика Марко Џули за Блумберг.

marosh_shefchovich

Сепак, нема гаранција дека ЕУ ќе го прифати „Турски тек“ за поповолна варијанта од „Јужен тек“ кога детално ќе го анализира проектот, вели потпретседателот на Европската комисија за енергетска унија, Марош Шефчович за рускиот „Комерсант“, па додва дека на некој начин ова е иста приказна како и „Јужен тек“.

Од друга страна рускиот министер за енергетика, Александар Новак минатата недела псочи дека ЕУ може да се противи колку сака, но нема да има избор, бидејќи ќе зависи од рускиот гас уште најмалку 25 години, додава Блумберг.

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега