Индира Кастратовиќ: Годинава сме подготвени за финале

 

Тренерот на ЖРК Вардар Индира Кастратовиќ изјави дека нејзините избранички се подготвени да направат чекор плус од ланската сезона и да се пласираат во финалето на Лигата на шампионите.

- Знаеме како поминавме минатата година со Будуќност и мислам дека оваа сезона сме поспремни, посилни. Втора година играме Ф4. Имаме доста време да се подготвиме и за Будуќност и за другите екипи и да отидеме чекор подалеку, а тоа е пласман во финале, изјави Кастратовиќ во интервјуто објавено на клупската веб страница. 

Таа како позитивен потег го коментира ангажирањето на Јан Питлик во стручниот штаб.

- Јан е пред се човек, кој постигнал во својата кариера се што може да се постигне со националниот тим. Дојде тука баш да ни помогне и мислам дека својата работа си ја работи онака како што треба и јас сум среќна што можам да научам од него, вели тренерот на вардарки.

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега